Поврзете се со нас

АТП

Синер: Потребни ми се играчи како Ѓоковиќ

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Јаник Синер игра во најдобра форма од стартот на сезоната и тоа го покажуваат бројките, но истото важи и за ривалите кои самите признаваат дека Италијанецот е убедливо најдобар тенисер во овој момент.

Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ се само дел од таа листа на играчи кои излегоа со слична изјава, меѓутоа и покрај сите пофалби, скромниот Италијанецот се обидува да остане цврсто на земја и да оди чекор по чекор.

Уште кога триумфираше во Австралија, Синер нагласи дека негов следен чекор ќе биде второто место на АТП листата, а откако го презема истото од Алкарас, сега јасно е дека ќе атакува на првото место кое му припаѓа на Ѓоковиќ.

По одличната турнеја на тврда подлога, сега следи сезоната на земја и Синер досега не се покажа премногу на оваа подлога, но Италијанецот верува дека ќе успее да напредува и да се адаптира, особено ако игра доволно често со најсилните ривали.

– Сите убави моменти од стартот на сезоната ги делам со моите најблиски и мојот тим. Само јас и мојот тим знаеме колку труд сме вложиле. Ќе биде интересно да се види каква сезона ќе имаме на земја.

– Секој меч со голем играч ме прави подобар, секој пат кога играте против Ѓоковиќ или против некој друг, следниот пат знаете што треба да подобрите. Знам дека пред мене е уште многу работа, но со возбуда гледам на предизвиците. Сакам да бидам уште подобар играч, за мене тоа е главната цел. За да го остварам тоа, потребни ми се играчи како Ѓоковиќ, играчи кои ќе ме туркаат напред, – изјави Синер пред Мастерсот во Монте Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни