Поврзете се со нас

АТП

Синер и Медведев изборија четвртфинале во Мајами

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/janniksin

Јаник Синер и Данил Медведев ги оправдаа фаворитските улоги на денешните мечеви на Мастерсот во Мајами и изборија место во четвртфиналето.

Најпрвин Русинот го победи Германецот Доминик Копфер во два сета, а на сличен начин и Синер излезе на крај со Кристофер О’Конел од Австралија.

Медведев мораше да игра тај-брејк со Копфер, но во вториот сет беше преубедлив и со 6:0 го потврди пласманот во следната рунда.

Синер ги доби сетовите со О’Конор со 6:4 и 6:3 и останува во битка за престижниот трофеј, при што следен противник ќе му биде чешкиот тенисер Томаш Махач.

Третиот носител Медведев за полуфинале ќе се бори против Чилеанецот Жари, кој денеска го изненади Каспер Руд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни