Европски првенства
Симиќ одбрани три пенали и ги шокираше Словенците, Црна Гора оствари историски успех!
Црна Гора дефинитивно е најголемото и најпријатно изненадување во групата А на Европското првенство, бидејќи по оставрената победа над Македонија, денеска го шокираше фаворитот Словенија и се пласираше во главната фаза на континенталниот турнир.
Небојша Симиќ по триумфот над нашата селекција најави дека верува во големо изненадување во дуелот против Словенија доколку тој и соиграчите одиграат пожртвувано и тимски како на мечот со Словенија, па така Црногорците сите проблеми со коронавирусот ги оставија зад себе и остварија историски успех на едно Европско првенство.
Денешниот меч во Дебрецин беше навистина неизвесен и возбудлив до самиот крај, но во драматичната завршница, до израз дојде токму голманот Симиќ кој се претвори во нов херој за Црногорците.
Чуварот на мрежата на Црна Гора одбрани три пенали против Доленец Макуч и Маргуч во самата завршница од средбата, која на крајот му припадна на аутсајдерот со 33:32 за најголема победа во историјата на машкиот ракомет.
Триумфот е уште посладок бидејќи на стартот на второто полувреме се чинеше дека Словенија е во позитивна ситуација поради предноста од плус четири, што доволно говори за карактерот и желбата на избраниците на Рогановиќ кои ги шокираа Врањеш и неговите ракометари.
Вујовиќ со своите девет гола беше лидер во нападот на Црна Гора, седум постигна Грбовиќ, а со пет реализации мечот го заврши Анѓелиќ.
-
Англијапред 9 часа
Де Брујне го постигна првиот гол со глава, Сити убедлив на „Амекс“ (ВИДЕО)
-
Англијапред 24 часа
Бесниот Ван Дајк испрати брутална порака до своите соиграчи по тешкиот пораз од Евертон
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти ја искоментира конечната одлука на Чави и откри дека Куртоа направил чудо изминативе две недели
-
Англијапред 19 часа
Фоден за својот омилен играч од Реал: Никогаш немам видено нешто слично
-
Шпанијапред 18 часа
Чави детално објасни зошто ја променил одлуката: Не станува збор ниту за его, ниту за пари!
-
Англијапред 23 часа
Тен Хаг до критичарите: Видов само две негативни работи
-
Англијапред 22 часа
Клоп им се извини на навивачите на Ливерпул и издвои двајца играчи на Арсенал кои направиле разлика во шампионската трка
-
Италијапред 15 часа
Бокшиќ со трансфер предлог до „старата дама“: Јувентус треба да го доведе играчот кој е бакнат од Бог