Поврзете се со нас

НБА

Силвер обелодени кога може да започне новата сезона во НБА лигата

Објавено

на

Во „меурот“ во Орландо (Флорида) се игра финишот на оваа сезона во НБА лигата, но како што се доближува крјаот на истата се поактуелно е прашањето кога ќе може да започне новата кампања, натпреварувачката 2020/2021.

Ако условите беа нормални и ја немаше пандемијата со КОВИД-19, сега играчите, тимовите ќе се подготвуваа за следната сезона, меѓутоа реалноста е поинаква и се уште се игра, довршува 2019/2020 под специјални услови.

Желбата, целта на водечките луѓе во НБА е следната 2020/2021 да се одвива нормално со навивачи, регуларен дел и плејоф, па според комесарот Адам Силвер најрано што може да почне наредната кампања е месец јануари 2021 година.

-Колку повеќе учам, продолжувам да верувам дека ќе биде подобро да започнеме во јанаури. Целта за нас за следната сезона е да играме стандардна сезона, 82 натпревари и плејоф. Во домашните арени, пред навивачите, -порачал Силвер за „Си-Ен-Ен“.

Само за потсетување во моментов се играат финалните средби на Истокот и Западот, Мајами Хит води против Бостон Селтис со 2-1, додека Лос Анџелес Лејкерс има предност од 2-0 против Денвер Нагетс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни