Поврзете се со нас

Свет

Силва го нападна својот сонародник: Како да не му беа важни осумте години кои ги минав во ПСЖ!

Објавено

на

Тијаго Силва дебитираше во Премиер лигата како капитен на Челси, но малку фалеше по лошо да го памети првиот настап во елитното друштво во Англија, бидејќи неговиот тим имаше три голови негатива по 45 минути игра.

До крајот, тимот предводен од Френк Лампард успеа да се избори барем за бод и ја намали штетата, а сега два дена по првиот настап во Премиер лигата, искусниот Бразилец реши одново да се наврати на неговата завршна етапа во ПСЖ.

Силва минатата седмица откри дека Леонардо во последен момент му понудил нов договор за останување во ПСЖ, но во тој момент, стоперот веќе му дал збор на Челси и одлучил да си стои на ветеното. Неколку дена по оваа изјава, Силва открива дека е разочаран од својот сонародник Леонардо, главниот оперативец на ПСЖ кој доста безобразно се однесувал со него во ситуација кога договорот му беше истечен, а потоа на два месеци продолжен поради коронавирусот.

– Последните случувања во ПСЖ на административен план навистина многу ме налутија. Навистина воопшто не ми се допадна третманот после сето она што го минав во Париз, – вели Силва за „Франс Фудбал“ потсетувајќи се на својот осумгодишен престој во француската престолнина.

– Иако беше вонредна ситуација и сите бевме во карантин, работите требаше да ги направат поинаку. Јас бев во Бразил и Леонардо ми се јави и почна да ми зборува за потешкотиите и проблемите кои ги носи пандемијата. Потоа направи пауза и ме праша дали сакам да останам уште два месеци за фајнал-фор турнирот во Лигата на шампионите. Се согласив, но веднаш ми нагласи дека клубот нема да понуди ништо друго освен тие два месеци. Ми кажа два месеци и ништо повеќе. Требаше да се однесува поинаку.

– Како да не им беа важни осумте години кои ги минав во клубот. Лео го направи тоа на бизарен и избрзан начин, но не беше така само со мене. Тука мислам и на Кавани. Тој е најдобар голгетер во историјата на ПСЖ, сакам да им го нагласам ова за да растат како клуб. Не смеат да прават вакви грешки во иднина, – нагласува Тијаго.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни