Поврзете се со нас

НБА

Си поигруваше со противниците: Кари со 41 поен ја најави новата сезона во НБА лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Пред нас е новата сезона во НБА лигата која започнува за неколку дена, а пред истата како загревање сите екипи одиграа по неколку пријателски средби, подготвителен период кој официјално е завршен.

Токму овој последен ден за загревање беше одбележан од „лудиот“ Стеф Кари кој одлучи да додаде малку гас, па на пријателскиот меч против Портланд Трејл Блејзерс даде дури 41 поени. Плејмејкерот беше на паркетот 30 минути, период во кој испука 7 тројки, а зад своето име имаше и 9 скокови, 2 асистенции и 2 украдени топки.

Кари беше незадржлив на теренот, па во продолжение погледнете ги неговите мајстории во триумфот на Голден Стејт од 119-97.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни