Поврзете се со нас

АТП

Шпански експерт открива: Надал го победи Ѓоковиќ со „мртво стапало“!

Објавено

на

Шпанскиот тениски експерт и новинар на „Кадена Копе“, Анхел Гарсија е познат по своите страствени коментари кои ги дава за Рафаел Надал, а како човек кој важи и за своевиден пријател на шпанскиот тенисер, сега откри една неверојатна работа поврзана за „бикот од Мајорка“.

Надал во вторникот вечерта извојува херојска победа против Новак Ѓоковиќ и го доби новиот тениски класик по четири одиграни сета кои траеја повеќе од четири часа, но тоа го направил со „мртво стапало“, или поточно, со анестизирано стапало поради хроничната повреда на истото.

Анхел Гарсија открива дека Надал решил да преземе ризичен чекор со антестезирање на стапалото за да не ги чувствува болките, се со јасна цел да дојде до 14-та титула на Ролан Гарос.

– Овој човек повторно успеа да го направи тоа, успеа да го победи Ѓоковиќ со анестезирано стапало, го победи кога цел свет велеше дека нема да може, сите сакаа да му ја тргнат круната, но кралот рече „НЕ“. Победи после четири часа, загуби втор сет кој го имаше добиено и во четвртиот направи пресврт кога имаше 5:2 негатива.

– Остануваат уште два чекори, но Рафа го сака трофејот на мускетарите. Надал го победи Ѓоковиќ со „мртво стапало“, ми кажа дека го ставил во игра стапалото, ниту сам не знае што ќе се случи после овој турнир. Но според него, трофејот на Ролан Гарос е вреден за таков ризик, – вели Анхел Гарсија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни