Поврзете се со нас

Европски купови

Шортс прв стрелец, Париз обезбеди место во финалето на Еврокупот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/LNBofficiel

Ти-Џеј Шортс со неговиот Париз ќе се бори за титулата во Еврокупот, односно клубот од француската престолнина дојде до првиот финален билет за ова натпреварување.

Македонскиот репрезентативец и пријателите ја добија и втората битка со Лондон Лајонс, овојпат на негов терен со 93:85 и со чисти 2-0 ја затвори оваа полуфинална серија.

Плејмејкерот одново беше лидер и прв стрелец со 21 поен, собра 4 скока, забележа 5 асистенции со 5 украдени топки. Хифи и Херера додадоа по 13 кошеви, а кај поразените Морган беше автор на 25 поени.

Кој ќе биде противник на Париз во финалето ќе се дознае по мајсторката ќе ја одиграа Бург и Бешикташ каде резултатот е 1-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни