Поврзете се со нас

Атлетика

Шокантна вест од Кенија: Светска рекордерка брутално избодена до смрт во својот дом

Објавено

на

Кениската атлетска Федерација денеска излезе со траорно соопштение и ја потврди ужасната вест која се случила во градот Итен, каде од неразјаснети причини е утврдена смрт на позната и репсектабилна атлетичарка од оваа земја.

Кенијката Агнес Тироп била пронајдена мртва во својот дом во Интен, а на местото на настанот, полицијата утврдила дека атлетичарката има неколку отворени рани во пределот на стомакот.

Според првичните информации, Тироп била брутално избодена до смрт од непознат напаѓач, но угледните медиуми како „Би-Би-Си“ пренесуваат дека главен осомничен за страшното злосторство е нејзиниот сопруг.

Агнес Тироп имаше само 25 години и ја претставуваше Кенија на последните Олимписки игри во Токио, на кои го освои четвртото место во конкуренција на 5.000 метри.

Кенијката Тироп ќе остане запаметена по двата бронзени медали на Светските првенства во Лондон и Доха во 2017-та и 2019-та година на 10 илјади метри, а во оваа дисциплина (10 километри) во улични услови, и натаму останува светска рекордерка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни