Поврзете се со нас

Германија

Шмит постигна спектакуларен гол, Баерн го зголеми притисокот врз Борусија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен повторно не брилјираше и навистина долго се мачеше против Вердер Бремен, но најважно за тимот на Томас Тухел е тоа што ја оствари зацртаната цел и се враќа дома со три бода.

Вердер одлично одолеваше во првиот дел и ги спречи приодите кон својот гол, а во вториот дел работите значително се променија откако топката среќно дојде до Гнабри.

Германскиот репрезентативец не погреши од непосредна близина и погоди за 0:1 во 62-та минута, по што десет минути подоцна на семафорот стоеше 0:2 откако Мазрауи одлично го проигра Лерој Сане.

Ова се чинеше дека е потврда на сигурна победа, но Баерн на крајот мораше и да се помачи, бидејќи Шмит постигна спектакуларен гол во 87-та минута за возбудлива завршница.

Вердер фрли се на една карта по израмнувачки гол, меѓутоа Баерн покажа цврстина во последните минути и запиша победа од 1:2, со која сега го зголеми притисокот врз Борусија која утре игра со Волфзбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни