Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи во Велес ја потврди есенската титула, „лавовите“ славеа во скопската пресметка

Објавено

на

Фудбалерите на Шкупи со сигурна и убедлива победа над Борец во Велес (3-0) ја заокружија есенската етапа и титула во Првата македонска лига.

Чаирчани го потврдија статусот на фаворити и со головите на Сандеј (2) и Ѓорѓиевски дојдоа до 13. славје во 18 натпревар или севкупно до 42 бода. Ова значи дека Шкупи во вториот дел од кампањата ќе влезе со плус седум и осум бода во однос на Академија Пандев и Шкендија кои денеска остварија минимални триумфи  над Пелистер и Скопје.

Македонија ЃП пак продолжи да гази под водство на тренерот Бајрами, па пред „лавовите“ падна Работнички на Националната арена „Тодор Проески“.

Воша и Адем стрелаа за ѓорчепетровци за водство од 2-0, Ристовски пак ги постави конечните 2-1 во 61 минута.

Средбата меѓу Струга и Ренова беше одложена поради лошите услови за игра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни