Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи им се врати на победите, Брера ја победи Воска во 92. минута

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkakademijapandev

Саботната програмата во Првата македонска фудбалска лига донесе три натпревари, а на сите три видовме победа на домашните екипи, во случајот Шкупи, Гостивар и Брера Струмица.

Тимот од Чаир на домашен терен ја доби Македонија Ѓорче Петров со 3:1 и се израмни за момент на табелата со шампионот Струга, победа во која стрелци на головите беа Дуда, Трапановски и Илиески, а за гостите Бојан Илиевски.

Гостивар оствари важна победа над Тиквеш и го одбрани домашниот терен со 2:1, триумф со кој овој тим полека бега од опасната зона и плива во мирни води на средина на табелата.

Истото важи и за Брера Струмица која постигна гол во судиското продолжение на мечот против Воска Спорт, натпревар на кој во херој прерасна Ѓорѓиевски.

Фудбалерот на Брера постигна гол во 92-та минута, погодок со кој беше решено прашањето за победникот на еден тврд и неизвесен меч.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни