Поврзете се со нас

Конференциска лига

Шкупи го победи Лапи и со солидна предност патува на реваншот во Косово

Објавено

на

Екипата на Шкупи е единствениот претставник во Европа од Македонија кој успеа да слави победа на еден од квалификациските натпревари кои се играа овие денови.

Чаирчани со 2:0 славеа против косовскиот претставник Лапи во натпревар одигран на националната арена „Тодор Проески“.

Шкупи го отвори резултатот во 35. минута кога Кире Маркоски ја искористи грешката на дефанзивата на косовскиот тим и ја затресе мрежата на Чориќ.

Екипата на Лапи имаше неколку шанси да го израмни резултатот, но откако не ги искористи казната им стигна во самиот финиш кога Фреди Алварез одлично центрираше а Руатубјаје со глава по втор пат ја затресе мрежата на косовскиот тим.

Реванш средбата на која Шкупи ќе патува со солидна предност се игра на 15 јули во Косово, а победникот од овој двомеч ќе игра против Санта Клара.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни