Поврзете се со нас

Италија

Шкриниар поцрвене, Емполи го шокираше Интер на „Џузепе Меаца“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Интер пред неколку дена со доминантна игра го освоија Супер Купот на Италија, но вечерва ги разочараа своите навивачи и тоа во пресметката со Емполи во Серија А.

Избраниците на Симоне Инѕаги важеа за апсолутни фаворити за победа и три бода, меѓутоа се случи сосема спротивното и домаќинот загуби со 1-0. Овој пораз беше најавен во првиот дел кога дефанзивецот Шкриниар доби два жолти картони по што Интер од 40 минута играше со играч помалку.

Ваквата ситуација ја искористи Емполи и тоа во 66 минута кога Балданци го матираше Онана. „Нероаѕурите“ се обидуваа до крајот да дојдат барем до реми, меѓутоа и покрај неколкуте прилики не дојде до промена на резултатот.

Интер сега има дури 13 бода помалку од лидерот Наполи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни