Поврзете се со нас

Англија

Ширер со совет до Сослкјер: Мислам дека е време да биде променет, ова постојано се случува

Објавено

на

Манчестер Јунајтед вчера ја заврши својата одлична серија од 19 натпревари без пораз откако загуби од Челси во полуфиналето од ФА Купот со 3:1.

На овој пораз на Јунајтед кумуваше Давид Де Хеа кој не реагираше најдобро при првиот погодок на Челси, а реагираше катастрофално при вториот гол на Маунт.

Алан Ширер во интервју за „БиБиСи“ изјави дека Солскјер треба сериозно да размисли и да го отстрани Де Хеа од тимот, а шанса да му даде на младиот Дин Хендерсон кој брани одлично во дресот на Шефилд Јунајтед.

– Мислам дека е време да го промени, грешките продолжуваат да се случуваат.

– Може да го врати Хендерсон назад кога ќе мисли дека е подготвен да биде број еден. Треба да го врати назад како прв голман или да го остави уште една сезона на позајмица за да стекне искуство. Но, дали дојде време да го врати? –Да, дојде, -изјави Ширер.

Шпанскиот голман има уште три сезони од неговиот актуелен договор со Манчестер Јунајтед кој го потпиша на стартот на оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни