Поврзете се со нас

НБА

Шек го избра најлошиот соиграч во својата блескава кариера: Постојано ги отежнуваше работите

Објавено

на

Во моментите кога Шекил О’Нил се пробиваше на НБА сцената и почнуваше да важи за најдоминантен играч во рекетот, Лос Анџелес Лејкерс го ангажираше Денис Родман, прославената ѕвезда на Чикаго Булс која слета во Калифорнија со пет шампионски прстени.

Контроверзниот Родман беше познат по својот екстраваганте стил и бурен живот надвор од теренот, а односот кој го имал во Лејкерс во 1999-та година направил да му остави доста лош впечаток на Шек, кој сега без никакво размислување го посочува Денис како најлош соиграч во кариерата.

– Родман и тогаш беше врвен играч, но постојано ги отежнуваше работите. Сите се обидуваа да го држат тимот на еден куп, да бидеме целина, но луѓето кои беа во врвот му дозволуваа на еден да прави што сака.

– Моравме да бидеме во теретана еден меч пред натпреварот, а тој доаѓаше 15 минути пред стартот, доаѓаше во теретаната јадејќи ориз со пилешко.

– Додека тренерите зборуваа и кажуваа како да играме, тој излегуваше и одеше да се тушира или да го масираат. После тоа, ќе влезеше на теренот и ќе имаше сигурни 15 или 20 скокови, – вели Шек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни