Поврзете се со нас

Македонија

Шампионот Пелистер означи старт на подготовките, екипата утре заминува за Маврово

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Актуелниот македонски ракометен шампион, Еурофарм Пелистер означи старт на подготовките за сезоната 2023/2024.

„Зелено-белите“ се собраа во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола каде ја одработија првата тренинг сесија. Меѓутоа избраниците на Александар Јовиќ нема да се задржат во Битола затоа што утре наутро заминуваат за Маврово каде што ќе престојуваат до први август.

На прозивката беа присутни новајлиите: Борзаш, Нилсен, Петровиќ, Ѓорѓовски и Цехте.

Повикани ракометари за подготовките во Маврово:
Урбан Лесјак
Марко Кизиќ
Петар Атанасијевиќ
Цветан Кузманоски
Руди Сери
Урош Борзаш
Дарко Стевановиќ
Емилијан Ѓорговски
Марио Танкоски
Каспер Кисум
Вилсон Дејвис
Павле Атанасијевиќ
Најц Цехте
Павле Петровиќ
Ненад Костески
Жарко Пешевски
Андреас Јохан Нилсен
Денис Васиљев
Дојдоа: Урош Борзаш (Елверум), Нејц Цехте (ГОГ Гудме), Андреас Јохан Нилсен (Морс), Павле Петровиќ, Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2)
Заминаа: Себастијан Хенеберг (Фредериција), Мохамед Суси (Ал Салмија), Усама Хосни (Ал Араби), Гоце Ојлески, Милорад Кукоски (Охрид), Мартин Велковски (Алкалоид), Мирко Радовиќ (Ловќен)
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни