Поврзете се со нас

Шах

Шаховскиот клуб „Алкалоид“ ќе учествува на Светското екипно шаховско првенство за сениори/ветерани за 2023 година

Објавено

на

Додека Италија е домаќин на индивидуалното светско првенство за сениори (играчи во категории над 50 и над 65 години), Македонија ќе биде организатор на екипното сениорско екипно првенство во шах за 2023 година.

Настанот е закажан од 18 до 29 септември во х. „Изгрев“ во Струга, а честа на Македонија ќе ја бранат шахистите на ШК Алкалоид, при што покрај актуелните членови, тимот ќе го промовира и ВМ Кирил Георгиев како свој член.

Во соопштението од клубот по овој повод се појаснува дека во согласност со турнирските правила, на Светското екипно првенство за сениори имаат право да учествуваат и репрезентации и шаховски клубови, но предуслов е сите играчи од една екипа да бидат во соодветната возрасна категорија и регистрирани во иста земја. Најуспешниот македонски шаховски колектив, ШК Алкалоид, го пријави своето учество во категоријата на екипи со играчи постари од 50 години, а во екипата се вклучени врвните македонски велемајстори, долгогодишни членови на клубот и државни (сегашни и поранешни) репрезентативци.

Трајко Недев – 3-пати државен шампион и освојувач на сребрен медал за поединечен резултат на Европско екипно првенство во 2003 година;
Драгољуб Јаќимовиќ – 2-пати државен шампион и освојувач на златен медал за поединечен резултат на Шаховската олимпијада во 2000 година;
Звонко Станојоски – 6-пати државен шампион и актуелен државен шампион за 2023 г.;
Влатко Богдановски – 7-пати државен шампион;
Кирил Георгиев – како нов член на екипата, поранешен светски сениорски брзопотезен шампион и светски јуниорски шампион;
Роландо Кутиров – капитен на екипата, 2-пати државен шампион.

– Сите тие се шахисти кои дале исклучителен придонес во развојот и во резултатите на македонскиот шах, а во составот на репрезентацијата несебично и посветено ги бранеле боите на нашата држава на многу Шаховски олимпијади и Европски екипни првенства. Истовремено, како долгогодишни членови на екипата на ШК Алкалоид, заедно ги создаваат сите успеси, вкупно 24 шампионски титули за клубот на Екипните првенства на Македонија, од кои последните 10 се во континуитет досега! Дел од играчите беа во составот на ШК Алкалоид во 2016 година кога клубот стана европски клупски првак, како и во 2017 година кога клубот ја освои вицешампионската титула,- се вели во соопштението.

Клубот на ова учество гледа како на нов мотив и предизвик, како и желба повторно да се постигне резултат со кој македонската шаховска и севкупната спортска јавност повторно и натаму ќе се гордеат!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни