Поврзете се со нас

Мото ГП

Сезоната во Мото ГП ќе заврши во Португалија, Маркез дефинитивно нема да вози во Австрија

Објавено

на

Мото ГП шампионатот официјално доби уште една трка со која ќе заврши сезоната, а конкретно се работи за натпреварот на патеката Портимао во Португалија.

Трката е закажана како последна, на 22 ноември, со што и дефинитивно оваа комплицирана сезона ќе биде заокружена со 14 трки.

Една трка повеќе е добра вест и за Марк Маркез, кој по повторената операција, ќе мора да ја пропушти и следната трка во Австрија.

Репсол Хонда денеска потврди дека актуелниот светски шампион нема да вози следниот викенд исто како и на претходните трки, а неговото место повторно ќе го заземе Штефан Брадл.

Постои надеж дека Маркез може да се врати на втората трка на „Ред Бул Ринг“ закажана за 23 август, а речиси сигурно е дека тоа ќе се случи на Мизано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни