Поврзете се со нас

АТП

Сера: Родик можеше да се носи со „големата тројка“, погледнете му го скорот со Ѓоковиќ

Објавено

на

Енди Родик во 2003-та година беше светски рекет број еден и важеше за најдобар тенисер во светот, пред да се појави Рожер Федерер во своето најдобро издание со кое подоцна неколку години доминираше во „белиот спорт“.

На крајот, Родик остана со само еден освоен грен-слем трофеј и беше голема жртва во шампионскиот поход на еден од најдобрите тенисери на сите времиња, но сепак Американецот со својата игра остави длабока трага во тенисот, до толку што Французинот Флоран Сера смета дека „бомбардерот“ можел да се носи со големата тројка.

Родик стави крај на кариерата на 30 години и многумина шокираше со својата одлука, бидејќи ако се погледне денеска, Рожер Федерер се уште е активен на 38 години.

– Енди Родик не беше жртва само на Рожер Федерер, туку и на сеопштото забавување на подлогата. Беше моќен и комплетен играч, кој со својот квалитетет сервис требаше да ги освои Вимблдон и Ју-Ес опен неколку пати.

– Кога ќе го погледнеме неговиот скор со Ѓоковиќ (5:4 во негова корист), ќе сфатиме дека имаше ниво и можеше да се носи со „големата тројка“, – порачува поранешниот француски тенисер, Флоран Сера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни