Поврзете се со нас

Формула 1

Се јави и Монтоја: Казните за излегување од патеката се контроверзни!

Објавено

на

Поранешниот возач на БМВ Вилијамс и Мекларен Мерцедес, Хуан Пабло Монтоја, одамна ја напушти Формула 1 заради трките на американскиот континент, а дури и поранешниот промотор на спортот Берни Еклстоун во една прилика изрази жалење што тој не продолжил со својата кариера во светското првенство, бидејќи „лошо бил третиран од тимот“.

Монтоја кој е на залезот на својата кариера и се обидува да го постигне истиот подвиг како Алонсо (таканаречен „тројна круна“ со победи на трките од Ф1 во Монако, Индикар на 500 милји Индијанаполис и 24 часа Ле Ман, а му недостига само последната), во медиумите ги коментираше последните случувања и казните кои се доделуваат при непочитување на лимитот на патеката.

Согласно правилата, возачите во ниту еден момент не смеат да ја напуштат патеката, поради што се казнуваат кога ќе бидат уловени со сите четири тркала надвор од асфалтот.

– Би рекол дека премногу се контроверзни казните за напуштањето на патеката. Знам дека сакаат да ги направат патеките побезбедни со безбедни зони за излетување, но тоа е тешко да се контролира и да се разбере зошто е казниво или не. Кога ќе дојде моментот за одлука, тоа е најтешкиот момент. Воопшто не им завидувам на стјуардите кои мораат да се справуваат со ова,- вели Монтоја.

Колумбиецот и претходно беше меѓу најгласните возачи за разјаснување на правилата, кога постјано беше на удар на ФИА за ткн. небезбедно возење, поради што добиваше казни во дуелите со тогаш неприкосновениот Михаел Шумахер.

Ова е втора реакција во мошне кус временски интервал по вчерашната изјава на човекот кој е „сива еминенција“ во Ред Бул, Д-р Хелмут Марко, кој застана во одбрана на Ферстапен кому му беше одземен најбрзиот круг во трката, како и неказнувањето на Норис за престигнувањето на Перез со прекршување на правилото за лимитот на патеката.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни