Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Се е подготвено и во Минхен: Тухел направи две принудни измени, Артета со само една корекција (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен и Арсенал почнуваат со 2:2 на вечерашното реванш четвртфинале во Лигата на шампионите, а двајцата тренери се одлучија со исти формации за голема пресметка на „Алијанц арена“.

Во подготовката за овој меч, далеку поголеми проблеми имаше Томас Тухел кој остана без Серж Гнабри и Кингсли Коман, но тренерот на Баерн нема да може да смета и на суспендираниот Дејвис.

Поради тоа, Тухел направи две принудни промени во стартната постава и како лев бек го постави Мазрауи, додека местото на Гнабри го пополнува Гереиро.

Од друга страна, Артета реши да направи само една корекција во споредба со мечот на „Итихад“, па на местото на Кивиор, вечерва лев бек ќе биде Томијасу.

Баерн Минхен: Нојер, Кимих, Мазрауи, Даер, Де Лихт, Лајмер, Горецка, Гереиро, Сане, Мусиала и Кејн

Арсенал: Раја, Вајт, Томијасу, Габриел, Салиба, Рајс, Жоржињо, Одегард, Сака, Мартинели и Хаверц

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни