Англија
Сака може да стане најплатен играч на Арсенал
Арсенал има одлична сезона во Премиер лигата и е на добар по долга пауза да го врати трофејот во своите витрини, а еден од главните „виновници“ за тоа е 21-годишниот Букајо Сака.
Сака од сезона во сезона е се подобар, а во актуелнава е импресивен и повеќе од јасно е дека тоа треба да се награди. Според последните информации кои доаѓаат од Англија офанзивецот може да стане најплатен играч на Арсенал ако го прифати договорот со важност до 2028 година.
Според сегашниот заработува 70.000 фунти неделно, а според новиот би имал дури 300.000 фунти со што би го надминал Габриел Жезус кој во моментов става во џеб 250.000 фунти.
Сепак тоа нема да биде рекорден договор затоа што кога се во прашање „топчиите“ местото број еден го држи Месут Озил кој своевремено заработуваше по 350.000 фунти на неделна основа.
-
Шпанија23 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Шпанија21 час
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Германија20 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Свет8 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден
-
Италија24 часа
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија19 часа
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината
-
Англија21 час
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот
-
Шпанија23 часа
Агуеро ја тужи Барселона за неисплатен долг