Поврзете се со нас

Англија

Румениге откри дека има два сериозни ривали од Премиер лигата во битката за ангажманот на Упамекано

Објавено

на

Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл Хајнц- Румениге кој и претходно го потврди интересот за Дајот Упамекано, сега откри со кои тимови ќе води битка за неговиот потпис.

22 годишниот Упамекано е еден од најдобрите централни дефанзивци во Европа и сосема е очекувано клубовите да се заинтересирани за неговиот потпис. Тој има откупна клаузула од 38 милиони фунти која е прифатлива за сите поголеми клубови.

Румениге потврди дека освен Баерн Минхен, интерес за Упамекано има и од англиските премиерлигаши, Ливерпул и Челси.

– Освен Баерн Минхен, има уште најмалку два атрактивни клубови заинтересирани за Упамекано. Фактот дека Упамекано е интересен за други клубови и фактот дека ќе го загубиме Давид Алаба на таа позиција, не верувам дека ќе си оди некој друг играч.

– Играчот сам ќе спознае што сака во одреден момент. Имаме одлична соработка со Ред Бул ЛАјпциг и нивниот извршен директор Оливер Минцлаф. Кога работите ќе станат поконкретни, повторно ќе зборуваме.

– Фактот што Ливерпул и Челси се сериозно заинтересирани за него докажува дека има одлични квалитети. Тој дефинитивно може да го замени Давид Алаба, -јасен беше Румениге.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни