Поврзете се со нас

Свет

Румениге доби специјална задача од УЕФА по распадот на Супер лигата: Ова не е победа на Баерн Минхен!

Објавено

на

Карл Хајнц Румениге како извршен директор на Баерн Минхен изречно и кажа „НЕ“ на идејата за Супер лигата и баварскиот великан како актуелен европски шампион ја воодушеви спортската јавност со задржувањето на фудбалските вредности, па многумина сметаат дека токму германскиот клуб е најголем добитник во очите на неутралните фудбалски фанови во сите овие конфузни денови.

Баерн како еден од ретките фудбалски гиганти кои не се приклучија во иницијативата на 12-те звучни потписници јасно стави до знаење дека нема интерес да биде дел од натпреварување во кое помалите клубови се заборавни и избришани, а Румениге како човек кој се залага за најдобро функционирање на фудбалот, сега доби специјална задача од УЕФА.

Поради добрите конекции со „бунтовниците“ и германската солидарност која е карактеристика за него, Румениге ја доби улогата на посредник од УЕФА во преговорите кои ќе бидат актуелни во наредните неколку дена, што значи дека фудбалската легенда ќе биде миротворец во обидот да се смират страстите во фудбалска Европа.

– Не победи Баерн, не победи ниту Румениге. Победи вистинскиот фудбал. Победи фудбалот во кој сите се заљубивме и кој направи да бидеме страствени кон оваа игра.

– Јас сум познат како човек кој знае да води дијалог, не сум човек кој бара и сака војна. Чеферин побара помош од мене, побара да му подадам рака во обидот да ги решиме проблемите со останатите клубови и да има позитивен рестарт по овие навистина тешки денови за светскиот фудбал. Немам магично стапче, нема да биде лесно. Најлесно е да се каже дека ќе ја вратам хармонијата и лојаноста во еден ден, но за жал, ќе мора да работиме. Да видиме дали ќе можеме да ја стивнеме бурата, ќе се фокусираме на дијалог, – вели Румениге во интервјуто за „Тутоспорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни