Франција
Ротен: Многу навивачи на ПСЖ се незадоволни од Меси, зашто да не го исвиркаме?

Пари Сен Жермен доживеа елиминација во првата нокаут фаза во Лигата на шампионите и како по обичај одново се бараат виновници иако засега нема голема драма како во некои претходни сезони.
Иако Килијан Мбапе важи како лидер, главен играч на овој тим никој не го вперува прстот кон него, односно одново Лионел Меси е најчеста мета и има најави дека ветеранот може да биде исвиркан од навивачите на утрешниот лигашки меч против Рен.
До утре ќе почекаме, да видиме каква ќе биде реакцијата на фановите на „Паркот на принцовите“, но во меѓувреме Жером Ротен повторно се јави и порача дека навивачите имаат право да се изразат, поточно според него најголемиот дел од нив се незадовлни од Аргентинецот.
-Без разлика дали станува збор за Меси или друг играч може да биде исвиркан. Дали треба да се воздржиме од свиркање затоа што е Меси? Зошто? Затоа што неговото име е Меси? Без разлика дали ви е гајле или, без разлика дали сте добри или не, без разлика дали сте инвестиција или не, навивачот е таму само за да ја отвори устата и да аплаудира?
-Навивачите не треба да кажат ништо? Тие купуваат пуканки, јадат хамбургери, пијат сода и не е важно? Се разбира, Лионел Меси може да биде исвиркан, тој е играч како и секој друг. Инаку, мора да направиме нешто друго, да најдеме друг спорт. Има помалку поддржувачи зад него, како мене, и многумина кои остануваат незадоволни откако потпиша за ПСЖ, -порача Ротен за „РМЦ“.
-На крајот играме фудбал за навивачите. Дури и да е Меси, би било нормално да се свирка, неговиот недостаток на одговор [против Баерн] малку ме шокираше, -истакна пак Жунињо.
-
Балканпред 14 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 13 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 12 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Балканпред 22 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Светпред 14 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
НБАпред 12 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Хојбјерг за искрениот Конте: Мора да ги образложи критиките пред нас…