Формула 1
Рос Браун издвои еден возач по трката во Бахреин, Алонсо му ја предаде борбата поради бизарна причина

Првата сезонска трка во Формула 1 која се возеше во Бахреин донесе неколку изненадувања, а приреди и еден бизарен инцидент по кој двократниот светски шампион и повратник во натпреварувањето, Фернандо Алонсо мораше да се откаже.
Дефинитивно позитивни случувања по првиот Ф1 викенд доаѓаат од таборот на Алфа Таури, тим кој го промовирамладиот Јуки Тсунода како свој возач за оваа сезона.
Младиот Јапонец имаше одлично деби во Бахреин веднаш освојувајќи бодови и константно побрејќи се со многу поголеми имиња на патеката.
Тсунода стартуваше од 13. позиција во Бахреин и на почетокот на трката водеше голема битка со Фернандо Алонсо кој подоцна поради бизарна причина мораше да се откаже. Имено, од Алпине потврдија дека во кочниците на Шпанецот се заглавила фолија од сендвич и тоа предизвикало екстремно прегревање на сопирачките, по што Алонсо мораше да заврши во боксот и да не ја продолжува трката.
Што се однесува до Тсунода, тој продолжи да се натпреварува со останатите конкуренти, а на крајот стигна и до деветтата позиција претекнувајќи го Ленс Строл во последниот круг од трката.
Шефот на Формула 1, Рос Браун имаше само пофални зборови за младиот Јапонец за кого кажа дека е најдобриот дебитант во последните години.
– Навистина сум импресиониран од Јуки Тсунода. Го запознав овој викенд и увидов дека има импресивен карактер. Покажа одлични моменти во текот на трката што е навистина охрабрувачки за него со оглед на тоа што ова е негова прва Ф1 трка. Тој дефинитивно е најдобриот дебитант во последните години. Неговата промоција од Ред Бул се чини како брилијантен потег, -изјави Браун по трката во Бахреин.

- Италијапред 23 часа
Милан му понудил двегодишен договор на фудбалер на Интер
- Англијапред 20 часа
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Шпанијапред 22 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 22 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Италијапред 17 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Италијапред 24 часа
Смолинг доживеал „криминалистички филм“ во својот дом, под закана го отворил и сефот
- Англијапред 21 час
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 18 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин