Поврзете се со нас

Италија

Роналдо нема да биде стартер за Јувентус на дербито со Лацио

Објавено

на

Кристијано Роналдо нема да го започне дербито со Лацио, откако тој и Андреа Пирло процениле дека треба да добие одмор во пресрет на дуелот со Порто.

Јувентус веќе има сериозна негатива зад Интер во битката за титулата и постојани проблеми со повредени и ковид-заразени играчи, па неиграњето на Роналдо е додатен хендикеп за „бјанконерите“.

Италијанските медиуми тврдат дека Роналдо дефинитивно ќе биде на клупата за резерви, а во првиот тим би требало да стартува Алваро Мората.

Артур, Куадрадо и Бонучи се повикани за натпреварот, иако освен Колумбиецот за другите не е реално да бидат од првата минута на теренот, додека недостапни за Пирло се Дибала, Кјелини, Бентанкур и Фработа.

Дербито Јувентус-Лацио вечерва започнува од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни