Поврзете се со нас

Италија

Рома излезе со официјално соопштение и ја откри причината за колапсот на Н’Дика (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома излезе со официјално соопштение за здравствената состојба на Еван Н’Дика откако фудбалерот се пожали на болки во градите на гостувањето кај Удине, натпревар кој воедно беше и прекинат поради голем страв од најлошо сценарио.

Дефанзивецот беше брзо пренесен во болницата во стабилна состојба, а после речиси 24 часа испитувања, лекарите не утврдиле никакви срцеви проблеми и било заклучено дека Н’Дика паднал на земјата поради колапс на левото белодробно крило.

– Направените кардиолошки испитувања од прв и втор степен покажаа негативен наод на кардиолошки патологии. Со оглед на последните тестови направени утрово, медицинската анамнеза е следна: Играчот обил торакална траума и имал минимален лев пневмоторакс.

– Фудбалерот е отпуштен од болница и ќе замине на дополнителни тестови во Рим. Рома сака да им се заблагодари на сите во Удинезе, на судијата Паирето, публиката присутна на стадионот во Удине и медицинскиот и здравствениот персонал во болницата Санта Марија дела Мисерикордија во Удине за нивната голема професионалност и достапност.

– Во тие избезумени минути на страв, сите заедно ги демонстриравме спортските вредности и на прво место го ставивме животот, – се вели во соопштението на Рома.

Според информациите на италијанските медиуми, Н’Дика добил удар во пределот на ребрата во првото полувреме од мечот, па токму поради тоа дошло и до колапс на едното белодробие во второто полувреме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни