Поврзете се со нас

Свет

Робен се врати како стартер после осум месеци и изрежира две извонредни асистенции (Видео)

Објавено

на

Foto:Pro Shots / Erik Pasman

Арјен Робен денеска го имаше својот прв старт за Гронинген по пауза од цели осум месеци, или по првото коло од холандското фудбалско првенство кое сега е во самата завршница.

Искусниот Холанѓанец не се откажа и покрај бројните проблеми со мускулите и реши фудбалскиот кам-бек да не заврши само со еден настап на стартот на сезоната, па откако на претходните два меча добиваше шанси од клупата, денеска одигра цели 80 минути без никакви проблеми.

Робен докажа дека кога е здрав, може да прави разлика и на 37 години, бидејќи денеска запиша две фантастични асистенции во победата која ја оствари неговиот тим.

Гронинген победи со 0:4 на гостувањето кај Емен, а капитенот Робен запиша две извонредни асистенции, по кои два гола постигна Да Круз во период од десет минути.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни