Поврзете се со нас

Франција

Ривалдо се огласи за можниот трансфер на Меси: Нејмар веројатно знае нешто повеќе

Објавено

на

Поранешниот ас на Барселона и бразилски репрезентативец, Ривалдо ги подгреа шпекулациите за можната нова средина на Лионел Меси.

Ривалдо истакна дека Нејмар можеби знае нешто повеќе за можниот трансфер на Лионел Меси во ПСЖ следното лето.

„Дејли Мејл“ објави дека Нејмар дал ултиматум до управата на ПСЖ дека ќе потпише нов договор со тимот само доколку Лео Меси биде донесен во клубот, а сега Ривалдо изјави дека бразилскиот фудбалер на „светците“ сигурно ќе го притиска клубот да го донесе Меси.

– Нејмар кажа дека би сакал повтрно да заигра со Меси и зборуваше за можноста тоа да се случи следната сезона. Тие се пријатели и доста комуницираат. Знаејќи ја ситуацијата со договорот на Меси во Барселона, верувам дека Бразилецот ќе го притиска клубот да го ангажира следната сезона, Меси ќе биде слободен да преговара со друг клуб уште во јануари, па можно е тој да се пресели во Франција.

– Изгелда дека Меси е во потрага по нова авантура во кариерата, а во ПСЖ се свесни дека нема да мора да плаќаат ништо на Барселона за да го донесат. Францускиот клуб подготвува простор да го ангажира Аргентинецот, -заклучи Ривалдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни