Поврзете се со нас

СЕХА лига

Ристовски се разбрани, Вардар преку пенал драма до финале во Задар

Објавено

на

Ракометарите на Вардар по голема драма славеа над ППД Загреб и ќе играат во финалето на СЕХА лигата.

„Црвено-црните“ и вечерва во Задар покажаа многу слабости во играта, но и карактер, големо срце што ветува дека како тим во блиска иднина можат да бидат многу подобри со оглед на промените која оваа екипа ги претрпе во изминативе месеци.

Загреб на девет минути до крајот имаше предност од 24:18 и многумина ги видоа „плинарите“ во неделниот меч за титулата против Веспрем, ама така не сметаа вардарци кои предводени од голманот Ристовски кој се разбрани успеаа целосно да се вратат во игра.

Борко бранеше, во нападот се добро фунцкионираше, па така со голот на Јотиќ во самата завршница, макеонскиот прволигаш израмни на 26-26 и се избори за пенали.

Во серијата на седмерци главниот збор го имаше Ристовски кој одбрани два удари што беше доволно Вардар со 4-3 да слави и се избори за битка со Веспрем за титулата во ова натпреварување.

Дизингер и Дибиров дадоа по шест гола, Борко пак имаше 9 одбрани. На спротивната страна Мандиќ со 8 ја преводеше листата на стрелци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни