Поврзете се со нас

Балкан

Ристовски и дефинитивно пронајде нов клуб: Спортинг конечно го продаде македонскиот репрезентативец

Објавено

на

Во изминaтите три седмици Стефан Ристовски беше поврзуван со безброј клубови како потенцијална идна дестинација, но сега угледните португалските медиуми информираат и тврдат дека македонскиот репрезентативец и дефинитивно е продаден од страна на Спортинг Лисабон.

„Лавовите“ веќе извесно време се обидуваа да му пронајдат нова средина на десниот бек кој беше отстранет од првиот тим, па по три ипол години минати во Лисабон, Ристовски се враќа во добро позната средина, односно во хрватското фудбалско првенство и екипата на Динамо Загреб.

Угледната „А Бола“ информира дека Спортинг Лисабон ќе заработи 1,3 милиони евра откако ги договориле со „модрите“ сите детали за трансферот на фудбалерот, со тоа што португалскиот великан зачувува право за добивање 10 проценти од идната продажба на дефанзивецот.

Ристовски во 2017-та година направи трансфер од Ријека во Спортинг и во три ипол сезони одигра 82 натпревари во португалскиот фудбал, период во кој успеа да забележи девет асистенции за гол.

Во изминатиот период, Ристовски се поврзуваше со трансфер во Олимпијакос и АЕК и интерес имаше и од италијански клубови, но на крајот дефанзивецот ќе игра во Динамо Загреб и ќе му биде соиграч на Аријан Адеми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни