Поврзете се со нас

Англија

Рио прв го потврди Санчо, но и второто големо засилување за Јунајтед: Добивме играч од светска класа!

Објавено

на

Рио Фердинанд беше првата легенда на Манчестер Јунајтед која го потврди ангажманот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд уште пред клубот да излезе со официјално соопштение, а сега истиот рецепт го употреби и за втората летна „трансфер бомба“ на „ѓаволите“.

Сите угледни медиуми од Британија и Шпанија пренесоа вест дека Рафаел Варан ќе стане нов стопер на Јунајтед за 50 милиони евра, мега зделка која сега ја искоментира и легендарниот стопер и поранешен капитен на клубот од „Олд Трафорд“.

– Какво големо засилување, каков голем играч потпишавме. Генијално е што успеавме да направиме. Убеден сум дека Варан беше поласкан од проектот на Јунајтед, кој му се виде и подобар од оној на Реал.

– Купивме играч со голем престиж, играч кој добро знае што е хиерархија во светскиот фудбал. Тој може да ни донесе баланс во одбраната и трофеите со кои доаѓа тука говорат сами за себе. Листата е поголема и од мојата рака.

– Генијално е што од самиот почеток сакаше да дојде тука, ќе биде одличен на најважните натпревари и ќе биде одличен партнер за Мегваер. Добиваме играч од светска класа. Јунајтед беше критикуван за засилувањата кои ги избираше, но овојпат никој не смее да го каже тоа. Го добивме тоа што го сакавме, – изјави Рио во обраќањето на својот јутјуб канал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни