Велосипедизам
Ретко видена сцена на велосипедска трка: Победникот го одлучи партија „лист-камен-ножици“ (Видео)

Навистина редок и доста симпатичен момент се случи на трката „Тур оф Словенија“ во која победникот беше одлучен на необичен начин.
Актуелниот шампион на „Тур д Франс“, Тадеј Погачар имаше блага предност пред својот тимски колега Рафал Мајка, но на крајот се реши да му ја „подари“ победата на полскиот велосипедист така што пред самиот крај склучија доста интересен договор.
Имено, двајцата беа оддалечени доста од групата која ги следеше, па можеа да се договорат на кој начин ќе биде избран победникот.
Погачар и Мајка на крајот одлучија да одиграат партија „лист-камен-ножици“ по која беше познато кој прв ќе ја мине целта.
Мајка го победи својот конкурент во безвременската игра, и на крајот се радуваше на победа на трката која се вози низ улиците на Словенија.
Инаку, во генералниот пласман на „Тур оф Словенија“, Погачар има предност од три секунди во однос на Мајка во пресрет на последната трка која се вози во текот на денешниот ден.
Rock, paper, scissors anyone? ✂
Rafaj Majka and Tadej Pogacar take a 1-2 at the Tour of Slovenia… decided by a game of rock, paper, scissors! 😅 pic.twitter.com/YfyujYGMkM
— Eurosport (@eurosport) June 18, 2022
-
Светпред 22 часа
Уругвајците добија жестоки казни за нивното лудило на СП (ВИДЕО)
-
Евролигапред 20 часа
Обрадовиќ во свој стил: Победивме, ама сме премногу глупави
-
Македонијапред 20 часа
Алкалоид договори уште еден македонски репрезентативец
-
Англијапред 23 часа
Евра не го дели ставот на Кин и Невил: Тие можат да ја освојат титулата во Премиер лигата
-
Светски првенствапред 21 час
Франција ја надигра Шведска и ќе се бори за златото на СП
-
Шпанијапред 11 часа
Главниот оперативец на Атлетико распали по Реал: Истото се случува со децении и веќе никој не е изненаден!
-
Германијапред 21 час
Унгарецот во елемент: Собослаи со две мајстории донесе победа за Лајпциг (ВИДЕО)
-
Англијапред 21 час
Аке му пресуди на Арсенал, Сити оди во осминафиналето на ФА Купот (ВИДЕО)