Поврзете се со нас

Македонија

Ренова гради нова екипа: „Гипсарите“ претставија уште две нови засилувања

Објавено

на

Екипата на Ренова продолжи да прави промени во својот состав за вториот дел од шампионатот, па така денеска беа промовирани уште две нови имиња Арбен Тафа и Фатјон Јусуфи.

Тафа треба да дополнително да ја зацрвсти одбраната на „гипсарите“, додека пак за Јусуфи ова е враќање во позната средина откако во изминатиов период беше дел од Шкупи.

Претходно клубот од Тетово се ослободи од неколку играчи, но и ги доведе Арлинд Алити, Колумбиецот Џон Еди Мена Перез, голманот Вулнет Ислами и играчот од средината на теренот Марко Гајиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни