Поврзете се со нас

Англија

Реднап: Конте ќе си замине од Тотенхем ако…

Објавено

на

Екипата на Тотенхем не успеа да оствари позитивен резултат на дербито против Челси (2-0), односно ова беше прв лигашки пораз на „петлите“ под водство на Антонио Конте.

Секако ова беше удар за нив, но комплетната слика за целиот овој период е добра кога е во прашање изминатиов период откако е дојден италијанскиот стретег. Имено Тотенхем е на 7 место на табелата со 36 бода или поточно е на минус два во однос на четвртопласираниот Манчестер Јунајтед со тоа што клубот од Лондон има одиграно два натпревари помалку што значи дека лесно може да се пробие во Топ 4.

За ова огромно влијание има Конте, но според Џејми Реднап тој мора да ја добие поддршката од клубот, да му се донесат засилувања затоа што лесно може да си замине од Тотенхем ако не му се исполнат желбите.

-Му требаат играчи. Мора да има договор меѓу него и Даниел Леви за датиему ги донесат играчите што му се потребни. Заврши одлична работа за да дојде на оваа позиција. Има огромен разлика меѓу Манчестер Сити, Ливерпул, Челси и останатите,тоа можете да го видите.

-На него му е потребна поддршка и треба да привлече играчи. Два, три, четири играчи и има само девет дена од трансфер перодот. Даниел Леви е тежок човек со кој менаџерите треба да се справат. Ако не го поддржите (Конте), погледнете ја неговата историја со Интер, мислам дека ќе го напушти клубот затоа што не можете да ветувате, а потоа да не го исполните.

-Навивачите на Тотенхем мора да се толку фрустрирани бидејќи сè е одлично – стадионот, тренинг центарот, но на тимот му треба малку помош во моментов, па дајте му го она што му треба, -порача Џејми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни