Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид официјално ги објави новите капитени во првиот тим (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид претрпе доста промени во месец јуни со четирите ослободувања и четирите ангажмани кои ги режираше претседателот Флорентино Перез, но првиот човек на клубот сепак го задржа костурот на тимот и им ги продолжи договорите на играчи како Крос, Модриќ и Начо.

Тројцата староседелци добија нови договори и ќе останат во Мадрид најмалку уште една година, а поради сето она што го имаат направено за „кралскиот клуб“, добија и специјална почест.

Заминувањето на Карим Бензема значеше дека Реал остана без својот најдобар голгетер, но и без својот капитен кој беше лидер на теренот и со одговорноста која ја носи оваа улога.

Во негово отсуство, беше јасно дека „кралевите“ ќе мораат да бираат нови капитени, а Анчелоти реши да се потпре на хиерархијата и да ја додели лентата во сигурни раце.

Прв капитен секогаш кога ќе игра ќе биде Начо, втор ќе биде Лука Модриќ, трет Дани Карвахал, а четврти Тони Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни