Поврзете се со нас

Шпанија

Реал го „блиндираше“ играчот кој може да се адаптира на секоја позиција: Откупната клаузула ќе изнесува една милијарда евра!

Објавено

на

Флорентино Перез работи со полна пареа во јуни, а пред самиот истек на месецот кој го најавува летниот преоден рок, првиот човек на клубот завршил уште една важна операција.

После четирите ангажмани на Гарсија, Дијаз, Белингам и Хоселу, и продолжените договори на Крос, Начо, Себалјос и Модриќ, Перез се префрлил на уште еден важен играч од првиот тим и успеал да го „блиндира“ со подобрен договор во времетраење до 2028-ма година.

Станува збор за тивкиот борец Едуардо Камавинга, кој поради својата брза адаптација на било која позиција прерасна во незаменлив играч во стартниот тим на Карло Анчелоти.

Иако не беше стартер на стартот на сезоната, Камавинга најпрво ја доби битката со Чуамени во средниот ред, а потоа се жртвуваше за тимот и одлично одговори и како лев бек.

Неговата брзина и техничките квалитети прават да биде еден од најразновидните млади играчи во светот, нешто што го натера Перез да го „блиндира“ до 2028-ма година и со вметната откупна клаузула од една милијарда евра.

Оваа информација ексклузивно ја пренесоаа угледните „Марка“ и „АС“, кои тврдат дека во наредните неколку дена ќе има официјална промоција со Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни