Поврзете се со нас

Балкан

Разиграниот Симоновски „испука“ хет-трик за Дрита (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот интеранционалец, Марко Симоновски имаше одличен настап за Дрита во првата лига на Косово каде реализираше хет-трик на денешната пресметка со Гњилане (4-1).

Со оглед на тоа што и Дрита е од истиот град, ова беше дерби пресметка која домаќините убедливо ја решија и го преземаа првото место на табелата. Во фокусот беше токму Симоновски кој се најде на вистинското место во 45 и во судиското продолжение на првиот дел како и во 69 минута кога ја комплетирираше својата „тројка“ на овој натпревар.

Марко има вкупно 6 погодоци во актуелнава кампања и е на делба на првото место на листата на стрелци со Кристиан Мба од Трепча.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни