Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Расекотините на нозете на Ерера се најдобар доказ за фудбалската војна на „Олд Трафорд“ (Фото)

Објавено

на

Ектор Ерера не беше прв избор на Чоло Симеоне на стартот на сезоната, но во последно време си го забетонира својот статус како стартер, па така беше и синоќа на „Олд Трафорд“.

Мексиканскиот репрезентативец е познат по тоа што често знае да има и валкана задача на теренот и да ги спречува противничките напади со дефанзивна игра, но како еден од „воините“ на Чоло, сега се најде во прв план поради изгледот на неговите нозе.

Играчот за врска беше еден од оние кои даваа изјави за новинарите по крајот на натпреварот кој заврши во полза на Атлетико, а во фокусот се најде состојбата на двете нозе.

Ерера мечот го завриш со неколку расекотини кои се најдобра отслика за „фудбалската војна“ која се водеше на теренот, а која е само доказ дека во Лигат на шампионите се води беспоштедна битка.

– Нормално е за вакво ниво да има удари и стартови на теренот. Нормално е да добиете удари, но некои стартови не беа правилно санкционирани од судијата, требаше да има повеќе картони за противниците. Сепак, тоа не менува ништо, ние победивме и го оставаривме тоа за што дојдовме, – порача Ерера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни