Поврзете се со нас

Франција

Рамос се врати после два месеци и доби понижување „ала Меси“ на „Паркот на принцовите (Видео)

Објавено

на

ПСЖ успеа да го победи Лориен со 5:1 на натпревар на кој блескаа трите најголеми ѕвезди во нападот, бидејќи по два гола постигнаа Мбапе и Нејмар, а еден беше дело на Меси.

Со овие изданија, последните двајца подзаборавија на жестоките свирежи кои ги добија од навивачите на ПСЖ, кои сега беа резервирани за повратникот во тимот.

Серхио Рамос се врати на теренот по два месеци и десет дена и го замени Маркињос во 72-та минута, но доби понижување идентично како она што го преживеа Меси минатиот месец.

Рамос доби силни свирежи од гледалиштето на „Паркот на принцовите“ при самото влегување на теренот, а тоа продолжи и при секој контакт со топката до крајот на средбата.

Ова е јасен сигнал дека фановите на ПСЖ не се задоволни од искусниот стопер, за кого ова беше само шести настап за „светците“ од стартот на сезоната. Рамос има огромни проблеми со повреди оваа сезона, но очигледно тоа нема никакво значење за симпатизерите на клубот од Париз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни