Поврзете се со нас

Репрезентација

Ракометните јуниори загубија од Грција на ЕХФ шампионатот

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација за играчи до 19 години беше изненадена на домашен терен од Грција (26:30) во рамките на групната фаза на ЕХФ шампинатот.

Нашите јуниори си ги намалија шансите за посакуваната позиција во групата со денешниот пораз, а Грците го најавија позитивниот резултат уште во првото полувреме.

По првите триесет минути тие водеа со 16:11, па Македонија не успеа да направи пресврт во продолжението и забележа пораз на првиот настап на турнирот во Скопје.

Ѓоргоски и Илиевски со по 5 голови биле најпрецизни во македонскиот состав, додека кај Грција се истакнал Коционис со 7 погодоци.

Во вториот натпревар Македонија ќе игра против Полска, која претходно веќе обезбеди убедлива победа над Грција, а победата е императив за посакуваниот пласман во полуфиналето на ЕХФ шампионатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни