Поврзете се со нас

Свет

Раиола: ПСЖ нема голем избор, постојат само две опции за Мбапе!

Објавено

на

Мино Раиола беше специјален гостин во редакцијата на мадридскиот весник „АС“ и направи опширно интервју во кое воглавно говореше за својот најбаран клиент во овој момент, спектакуларниот Ерлинг Халанд за кого вели дека се заинтересирани сите 12 клуба кои ја формираа таканаречената Суперлига, плус Баерн Минхен и ПСЖ.

Суперагентот вели дека секој од големите клубови може да си го дозволи Халанд доколку направи добра стратегија за распределба на финасиите и го демантираше Флорентино Перез кој посочи дека Реал не може да го купи Норвежанецот без Суперлигата, но покрај тоа што ги остави во игра сите великани за потписот на напаѓачот на Борусија Дортмунд, даде свој коментар и за втората најбарана ѕвезда во Европа.

Килијан Мбапе одолговолекува околу преговорите со ПСЖ и според многумина прави сериозен притисок за правење трансфер ова лето, а во очите на Раиола, постојат само две опции со Французинот.

– Кога е во прашање Мбапе, големите клубови можат да се соочат со еден проблем. На Мбапе му преостанува уште една година од договорот и ситуација не е комплетно чиста.

– ПСЖ може да направи само две работи. Или да го направи она што го направи Борусија со Левандовски што е многу храбро, да не го продаде и да го остави да си оди без отштета, или да го продаде ова лето. Тоа се двете опции, – вели Раиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни