Поврзете се со нас

АБА лига

Радуловиќ: Момците го оставија срцето на терен, една работа не смее да ни се повтори во иднина

Објавено

на

Македонскиот шампион, МЗТ Скопје оствари сигурна победа над Ловќен од 100-81 во последниот натпревар на третиот „балон“ во АБА 2 лигата што се играше во Сараево.

Нашиот претставник одново беше на високо ниво и заслужено дојде до „три од три“ на турнирот во БиХ што секако го радува и тренерот Дарко Радуловиќ кој сепак имаше и за што да им замери на избраниците накои им порача дека тоа едноставно не смее да се повтори во иднина.

-Влеговме добро во натпреварот, посебно на шутерски план, ги искористивме сите празнини во нивната одбрана и успеавме да поентираме. Меѓутоа дозволивме многу лесни и евтини поени, првото полувреме не го заклучивме онака како што требаше, кога имавме предност од 15-17 поени, но дозволивме на противникот да ја намали.

-Сепак пресуди таа добра трета четвртина во која функционираше буквално се, имавме добар шут, одбрана, движење. Ама она што мене ме нервира е таа четврта четвртина, кога средбата веќе беше решена,  почнавме премногу да се опуштаме, да дозволуваме лесни кошеви, да не играме одбрана, тоа е нешто што не смее да ни се повтори во иднина.

-Генерално, морам да бидам задоволен од момците. Одигравме три тешки натпревари, борба, храбра игра, бевме мобилни во одбраната, има некои работи кои треба да се поправат. Овие момци ги заслужуваат сите честитки бидејќи го оставија срцето на терен и ги донесоа овие три победи во АБА2-лигата, -истакна Радуловиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни