Поврзете се со нас

Македонија

Радуловиќ: Бевме подобра екипа од МЗТ, мал дефокус донесе пораз!

Објавено

на

Составот на Пелистер не ја мина последната пречка и остана без посакуваниот трофеј во Купот на Македонија.

„Зелено-белите“ од Битола беа блиску до целта, но МЗТ Скопје со подобра завршница се избори за славје од 62-60 и со тоа го одбрани трофејот во Купот кој го носи името на легендата „Благоја Георгиевски-Буштур“.

МЗТ Скопје ја освои Битола и по 12. пат му се радува на трофејот во Купот на Македонија

Тренерот Дарко Радуловиќ смета дека биле подобра екипа од МЗТ и малото невнимание во моментите кога се решаваше мечот ги чинело пораз во салата „Боро Чурлевски“.

-Му честитам на МЗТ Скопје, мислам дека речиси цел натпревар имавме контрола над играта и бевме подобра екипа. Во вториот дел имавме мал пад, но како што кажува резултатот се играше на мал број поени.

-На крајот, се се сведе на само една топка, во напад во кој се договоривме да правиме лична грешка. И не знам како не успеавме да направиме бидејќи имавме уште еден ‘мал’ фаул. Претпоставувам дека тоа ќе донесеше продолжение и можеби поинаков исход на мечот. Немам замерки на играчите кои беа подготвени да се борат и да се натпреваруваат. Ете, мал дефокус донесе пораз, -порача Радуловиќ.

Робев е МВП на финалето: Вакви натпревари се добиваат само со желба и борбеност, успеавме…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни