Поврзете се со нас

Македонија

Робев е МВП на финалето: Вакви натпревари се добиваат само со желба и борбеност, успеавме…

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Тимот на МЗТ Скопје успеа да го одбрани трофејот во Купот во Македонија и тоа откако во драмата во Битола го доби Пелистер со 62:60.

„Металците“ се соочува со доста предизвици во мечот, беа во негатива, се повреди Војдан, потоа завршните минути мораше да ги игра и без капитенот Дамјан Стојановски, па најголемата одговорност во клучните моменти ја презема Дамјан Робев.

На крајот Робев заврши со 13 поени, 6 скока и 1 украдена топка и заслужено го понесе признанието МВП на финалето.

-Вакви натпревари се добиваат само со желба и со борбеност. Ние покажавме повеќе желба во второто полувреме. Пресуди скокот и мислам дека играта сама по себе. Сметам дека заслужено победивме. Искуството исто така е дел од факторите за победата во финалето. Успеавме да преземеме одговорност без Војдан и Дамјан на крајот. Момците покажаа карактер, се надевам ќе продолжиме во добро светло, -истакна Робев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни