Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје ја освои Битола и по 12. пат му се радува на трофејот во Купот на Македонија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Кошаркарите на МЗТ Скопје се старо-нови шампиони во Купот на Македонија, натпреварување кое го носи името на нашата легенда Благоја Георгиевски-Буштур.

Во супер неизвесен и драматичен меч, „штрковите“ славеа со 62:60 и со тоа уште еднаш потврдија дека се најдобра екипа во нашата кошарка. МЗТ во завршните минути не можеше да смета на капитенот Дамјан Стојановски поради пет лични грешки, претходно се повреди и неговиот брат Војдан, но клубот од скопски Аеродром не се предаваше, успеа да најде соодветно решение, решенија и на крајот да се радува на пехарот воо Купот.

Клучните поени беа постигнати од Ворку, додека пак шут за победа на домаќините промаши искусниот Костоски.

Робев со 13 поени беше прв стрелец, Танасковиќ уфрли 12, Ворку 11, а Стојановски 10 кошеви. Костоски пак со 15 поени беше најефикасен кај битолчани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни