Поврзете се со нас

Македонија

Работнички мораше да игра продолжение, Пелистер без проблеми до втора победа

Објавено

на

Работнички мораше да игра дополнителни пет минути за да го совлада новиот прволигаш Феникс 2010 (94:90), со што стигна до втората победа во новата сезона од македонското кошаркарско првенство.

Избраниците на Тони Симиќ имаа плус девет на полувреме, го завршија третиот период со резултат 69:59, но Феникс возврати со одличен четврти период во кој на крајот се бореа и за победа.

По неколку промашувања во финишот на двете страни, резултатот остана 83:83, за Работнички да биде подобар во дополнителните пет минути за 94:90.

Емерсон со 18 и Мустафица со 16 поени беа најефикасни кај Работнички, а Митревски реализираше 26 поени во тимот на Феникс.

Претходно, Пелистер славеше убедливо на гостувањето кај ФМП Академија со 66:89, а реализаторски беше предводен од Кесар со 19 и Караџовски со 14 поени. Кај домаќините, Крстајиќ продолжи со добрите изданија, реализирајќи 24 поени.

Гостивар го победи Куманово со 85:72, остварувајќи го првиот триумф во новата сезона. Тодоровиќ со 23 и Ворку со 20 поени биле најзаслужни за триумфот на домаќините на оваа средба.

ТФТ го победи Еуро Никел со 85:71, што значи втора победа сезонава за скопскиот тим, кој лесно излезе на крај со гостите од Кавадарци.

Хортон со 23 и Костоски со 20 поени го предводеле домашниот тим до трумфот на оваа средба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни