Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ не запира, договори уште едно одлично засилување за кое се интересираа и клубовите од Манчестер

Објавено

на

Францускиот ПСЖ може да биде означен како апсолутен победник на трансфер пазарот во овој летен преоден рок откако успеа да ангажира неколку фантастични засилувања.

Пред се тука е ангажманот  на Лео Меси кој како слободен агент пристигна од редовите на Барселона, а ништо помалку важни не се ни ангажманите на Серхио Рамос, Џиџи Донарума, Џио Вајналдум и Ашраф Хакими.

На клубот му недостигаше само уште засилување на левата бековска позиција, а богатото семејство кое сопственик на клубот сега ќе ја исполни и таа желба на Маурисио Покетино.

Имено, во следните часови се очекува да биде официјализиран транферот на младиот фудбалер на Спортинг Лисабон, Нуно Мендеш.

Договорот веќе е комплетиран и фудбалерот на „Паркот на принцовите“ ќе пристигне првично на позајмица, а потоа ПСЖ на Спортинг ќе му плати 40 милиони евра за целосно да го откупи неговиот договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни